Холивудскиот глумец Том Хенкс со сопругата Рита Вилсон се наоѓа во карантин во Австралија бидејќи се заболени од коронавирус. Тој им испрати порака на фановите.
„Здраво луѓе! Рита и јас сакаме да им се заблагодариме на сите кои добро се грижат за нас. Имаме Ковид-19 и сме изолирани за вирусот да не се шири затоа што постојат луѓе на кои може да им предизвика сериозна болест. Има работи кои сите можеме да ги направиме, а тоа е да слушаме совети од експертите и да водиме сметка за себе и за едни и други, зарем не? Запаметете, и покрај моменталните случувања, не очајувајте!, напиша Том Хенкс и со уште една објава и фотографија покажа со што се храни додека е во изолација.
Се работо за тост намачкан со австралиски намаз “Вегемите“ кој е направен од пивски квасец, богат е со витамин Б и чини само 4 австралиски долари (135 денари).
-Благодарност до “помагачите“. Ајде да се грижиме за себе и за другите. Хенксови – напиша Том на Инстаграм.
Инаку, Том Хенкс два пати има освоено Оскар, и е “тежок“околу 400 милиони долари.