Славниот италијански тенор Андреа Бочели преко својот Фејсбук профил сподели со своите фанови видео на кој во својата куќа има заеднички настап со својата седумгодишна ќерка Вирџинија, која неодамна започнала да свири клавир. Имено, малата Вирџинија свирела клавир, а татко ѝ пеел.
– Пријатели мои, ова парадоксална состојба не тера да делуваме креативно. Како што секога тоа го правев, и сега се обидов да го вклучам моето семејство во се, па еве ја малата Вирџинија која неодамна почна да свири клавир. Бргу напредува и сега ќе одсвири нешто со татко ѝ: “Ich liebe dich” од Лудвиг Ван Бетовен. Тоа е начинот да ја искажеме нашата љубов спрема сите вас и да споделиме моменти на оптимизам, надеж и позитивност- напиша Андреа на својата Фејсбук страница .