На социјалните мрежи се појави видео од Берлин со наслов „Како да се борите со коронавирусот со слух“, на кој музичари изведуваат обработка на познатата песна на Ролинг Стоунс – „I can’t get no satisfaction”.
На многу забавен начин нив ова видео се испраќа порака идентична на онаа која ја праќаат министерствата за здравство низ светот, во која се советува кон што да се придржуваат за да се смали ризикот од коронавирусот, но и неговото пренесување.
Рефренот кој овој музички состав го изведува на улица е: „I can’t get no disinfection”(Не можам да добијам дезинфекција).
Потоа, во неколку чекори препорачуваат како да се намали ризикот од зараза:
Прв чекор – миење на раце неколку пати на ден
Втор чекор – доколку кивате, внимавајте да не „прскате“, секогаш користете „лакт“ ако немате хартиено марамче – за да не го пренесете вирусот.
Трет чекор – затворајте ја кантата за ѓубре за да не побегне вирусот
Четврти чекор – со никого не се ракувајте
Петти чекор – обратете се веднаш на лекар
Шести чекор – доколку се чувствувате како „жив мртовец“ направете услуга на сите и останете во кревет – за да не пренесете коронавирус.
Wie man mit einem OHRWURM einen VIRUS bekämpft
Posted by OMAS GEGEN RECHTS.Berlin on Tuesday, March 10, 2020