Прочуениот моден креатор Келвин Клајн фотографиран е на Беверли Хилс на прошетка со своето 45 години помладо момче, Кевин Бејкер. Дизајнерот бил непрепознатлив бидејќи изгледал остарено, а и бил доста ослабен.
77-годишниот Келвин Клајн бил на шопинг со своето момче, па си заминале со луксузното возило на креаторот.
Инаку, прочуениот моден креатор прв пат со Кевин бил снимен на модната ревија во 2016 година, а бил виден и на заеднички летен одмор.