Андре Риу повторно со концерт во Скопје

by Тони Зографски

Холандскиот „крал на валцерот” Андре Риу заедно со својот оркестар „Јохан Штраус”,  во ноември повторно ќе настапи во Скопје како дел од својата светска турнеја.

„Јас и мојот оркестар сме многу радосни за повторното гостување во Скопје во склоп на нашата светска турнеја. Концертот во 2019-та беше навистина емотивен и незаборавен, а прекрасната публика не’ пречека со огромен ентузијазам. Со нашето враќање во ноември ја прославуваме љубовта, животот и секако, музиката” – вели Андре Риу.

Инаку, концертот ќе се одржи во С.Ц. БОРИС ТРАЈКОВСКИ на 27-ми ноември 2020 година.

 

останати вести