11 ДЕНА ОД ГРОБОТ СЕ СЛУШАЛО ТРОПАЊЕ И ВРИСКАЊЕ: Девојка од Бразил била жива закопана (ВИДЕО)

by Тони Зографски

38-годишната Бразилка, Росахела Алмеида дос Сантос која по двата срцеви удари се сметало дека умрела од септички шок,  по грешка е погребана жива. По 11 дена тропање и викање од нејзиниот гроб, сепак, таа починала.

Росахела на 28 јануари, во болница била прогласена за мртва, а утредента била погребана. Луѓето кои живееле во близината на гробиштата на која таа била погребана, на 9 февруари им јавиле на нејзините роднини дека од гробот се слуша врискање и тропање.

Додека стигнале да го отворат гробот, Росахела веќе била почината. Нејзиното тело било свртено на страна, уште било топло, а имала и повреди на главата и рацете, кои најверојатно ги добила при обидите да излезе надвор.

Семејството се убедено дека по грешка е пријавена мртва, а инцидентот бил пријавен во полиција.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com