Со фалсификувани пасоши, со исти тренерки и торби, 12 лица, преправени во ракометен тим, сакале од атинскиот аеродром да патуваат во европска земја, но биле уапсени од полицијата.
Од грчката полиција соопштија дека од уапсените, 11 имале странски пасоши во кои страницата со лични податоци била заменета со друга, фалсификувана страница со нивна фотографија, а еден бил со оригинален пасош, но издаден на друго лице.
“Со цел да ги измамат полициските власти и да го избегнат нивното внимание, горенаведените, пристигнаа заедно, облечени во иста спортска гардероба и носеа исти спортски торби за да личат на ракометен тим, соопштуваат пд грчката полиција и додаваат дека по извршената проверка и контрола било констатирано дека не припаѓаат на некој спортски клуб.
Според грчките медиуми, станува збор за бегалци од Сирија, кои со фалсификувани бугарски пасоши, сакале од Атина, авионски да стигнат во Виена.