Британката Лили Поулс од Гримсби излегла во познат ноќен клуб со пријателките, а веруваме дека тоа што и се случило никогаш нема да може да го заборави, јавуваДајли Мејл.
Младата девојка одлично се забавувала се додека во еден момент не забележала дека еден непознат маж се врти околу нејзината маса, а потоа се посомневала дека и ставил нешто во појалокот.
Бидејќи била многу внимателна, веднаш реагирала. Кога тој заминал во тоалет, ја искористила приликата да ги замени чашите.
– Истиот лик два пати ми нарача пијалок, па кога се врати да ми донесе нов го видов дека нешто ставаше во чашата. Кога замина во тоалет ги заменив пијалоците, а подоцна го видов онесвестен на влажниот тротоар. Ти благодарам што го испи тоа наместо мене, кој и да си, – откри Поулс во објавата на Твитер.
Таа со раскажувањето на оваа приказна сака да ја подигне свеста кај жените да обрнат повеќе внимание на своите пијалоци, доколку им ги нудат непознати мажи во ноќните клубови.