Вчера во 15:00 часот во Одделението за внатрешни работи Прилеп, 19-годишна девојка од радовишко село пријавила дека во периодот од 26.2. до 2.03 година во семејната куќа во прилепско село нејзиниот свекор (очув на нејзиниот сопруг), Т.Б.(67) извршил обљуба врз неа.
Т.Б бил лишен од слобода и задржан во Одделението за внатрешни работи Прилеп за понатамошна постапка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.