Откако се потврди веста, дека во Република Српска, односно во Бања Лука има двајца заразени од коронавирус, еден од тамошните трговци беше креативен.
Имено, во еден салон за венчаници на излогот беше изложена ексклузивен модел на венчаница со маска за невестата, како еден вид заштита од коронавирус.
Креаторите не штеделе матерјал, па маските ги пратат модните трендови и се украсени со вистински Сваровски кристали.