КЕТИ ПЕРИ Е БРЕМЕНА: Пејачката очекува бебе со Орландо Блум (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Популарната пејачка Кети Пери потврди дека е бремена. Триесет и пет годишната пејачка во спотот за новата песна „Never Worn White“ откри дека го очекува првото дете со вереникот, актерот Орландо Блум.

Кратко по премиерата на нејзината нова песна и спот, каде се гледа трудничкото стомаче, Кети на Твитер ги потврди вестите дека е бремена.

Кети и Орналдо се заедно од 2016 година, а се верија во февруари 2019. Во ноември, актерот истакна дека сака да има повеќе деца со пејачката

Инаку, Орландо Блум е веќе татко на 9 годишен син кој го има со поранешната сопруга Миранда Кер.

останати вести