Поранешниот бразилски фудбалер и легендарен играч на Барселона, Роналдињо уапсен е на пасошка контрола во Парагвај кога се обидел да влезе во таа земја со лажен пасош, пренесува весникот “Дерио Оле“ од Аргентина.
Во лажниот пасош пишувало дека Роналдињо е државјанин на Парагвај, односно, дека по националност е Парагваец.
Луѓето од пасошката контрола ја увиделе нелогичноста, ја повикале полицијата и Роналдињо со брат му Роберто со полициска придружба е одведен во хотел кој не смее да го напушти до четврток, до 8 часот наутро.
Инаку, Роналдињо има забрана за напуштање на Бразил, бидејќи бразилскиот пасош му беше одземен во јули минатата година заради неплатена казна за еколошки престап. Тој дошол во Парагвај да ја промовира својата книга “Генија на животот“.