Директорот на Гостиварскиот театар, македонскиот глумец од албанска националност, Висар Вишка преку својот Фејсбук профил реагираше на последниот потег на Министерството за образование за преименување на две училишта во скопската населба Чаир. Тој смета дека училиштата треба да носат имиња на научници, просветители, писатели, а не имиња на политичари и маченици.
“Знам дека зборувам со луѓе од минатиот век, но … училиштата треба да носат имиња на научници, наставници, писатели и поети… има многу објекти, паркови и улици и сл., кои би биле почестени со имињата на политичарите и маченици.
Малку повеќе почит за интелигенцијата и … логиката. Да. Логиката.“, стои на Фејсбук статусот на Вишка.