Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон, се расплака во интервјуто со неговиот колега од рингот Шугар Реј Леонард.
Зборувајќи за своето минато, Тајсон не се воздржа од напливот на емоции. Тој призна во целосно отворено интервју дека му недостига неговата вистинска верзија, верзијата која тој денес намерно ја крие и од која самиот се плаши …
„Знаев да се борам, бев борец и ја познавав уметноста на борбата и на војната. Затоа се плашеа од мене во рингот. Уништував луѓе во рингот. Бев роден само за тоа. Но, тие денови минаа и сега сум празен. Сега сум никој и ништо. Понижен сум. Затоа и плачам. Плачам затоа што не сум повеќе истата личност. Не сум повеќе тој Тајсон и ми недостасува. Затоа и некогаш се чувствувам како п…ка, затоа што не сакам таа личност да излезе надвор. Ако ја пуштам надвор и пеколот ќе дојде. Се плашам од тој човек“, вели Тајсон во видеото кое веќе го видоа повеќе од 3,5 милиони луѓе.
Инаку, Мајк Тајсон е во боксерска пензија скоро 15 години. Тој ја заврши својата професионална кариера со 50 победи и шест порази и два нерешни меча. Покрај неговиот разурнувачки борбен стил и светската титула, Железниот Мајк ќе биде запаметен како најмладиот шампион во супер-тешка категорија во историјата. Кога го нокаутираше Тревор Бербик во 1986 година и ја земата титулата во ВБЦ, Тајсон имаше само 20 години, четири месеци и 22 дена.
https://twitter.com/i/status/1234201855674155014