Хрватската глумачка легенда Раде Шербеџија, деновиве беше гостин во естрадниот магазин „Бекстејџ“. Во рамки на интервјуто, светскиот актер зборуваше за својата кариера, семејството, новиот албум кој што го снимаше во студиото на браќата Тавитјан, но и за носталгијата за Југославија.
”Ех мала моја кога би знаела ти какви времиња беа тоа, прекрасни, тоа не се опишува со зборови” и се обрати Раде на новинарката.
Инаку, авторската книга „По дождот“ на Раде Шербеџија беше промовирана на 26 февруари во „МКЦ – клуб и ресторан“. Книгата „По дождот“, како издание на „Три“, излезе од печат во 2018 година, но збиениот распоред на Шербеџија досега не овозможи промоција на делото во Македонија.