Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зеќири пред скоро две недели стана татко на ќеркичка, а вчера на својот Фејсбук профил ја сподели и првата фотографија од неа.
Имено, а на неа се гледа малото раче на Далиа Нани како ја држи раката на татко си.
„Далиа Нани Зеќири. Љубов. Живот.“ – напиша гордиот татко.
Инаку, екс новинарот Мухамед Зеќири во ноември минатата година стапи во брак со поранешната директорка на ТВ Алсат М, Бисера Јордановска.