“СТАРА СУМ И ДЕБЕЛА“: На Кели Мекгилис не ѝ е гајле како изгледа (ФОТО)

by Тони Зографски

Некогашната фатална убавица од култниот филм “Топ Ган“ Кели Мекгилис (63) денеска едвај се препознава. Таа во филмот ја играше фаталната инспекторката Чарли, а убавото лице и виткото тело ја лансираа Кели во ѕвездите.

По успехот со “Том Ган“ Кели отвори свој бар, работеше со наркомани и алкохоличари, ги подучуваше младите актери и ги прифати улогите за неколку нискобуџетни филмови.

Денеска таа во јавност ретко се појавува, а и кога го прави тоа многумина едвај ја препознаваат затоа што многу се променила. Престанала да се грижи за својата телесна тежина, а ја скратила и препознатливата руса коса.

Стара сум и дебела и изгледа, во согласност со моите години, а тоа не е она што се очекува во шоу-бизнисот. Многу ми е помило да се чувствувам сигурна во својата кожа и да бидам она што сум во овие години, отколку да придавам важност на сè останато“, искрена е Кели.

Кели зад себе има два брака и две деца, а во 2010 година јавно призна дека е лезбејка.

останати вести