Холивудската двојка Мајкл Даглас и Кетрин Зита Џонс се разведуваат, пишува американскиот магазин „Старс“ повикувајќи се на извори блиски до семејството. Според нив Кетрин е несреќна во бракот и наскоро би можела да побара развод и да го напушти Мајкл.
“Таа веќе со години е несреќна, но се труди да го држи семејството на куп заради децата и заради свекорот Кирк. Сега Кирк го нема, децата се веќе пораснати и нема потреба веќе да се мачи, вели близок извор на Старс.
Изворот рекол и дека таа му била најголема поддршка на Кирк додека Мајкл постојано бил насочен на својата кариера.
-Таа сега сака да се посвети на својата кариера и да побегне од Мајкл и неговите глупости – рекол изворот.
Инаку, Кетрин и Мајкл се во брак од 2000 година и заедно ги имаат синот Дилан (19) и ќерката Керис (16). Таткото на Мајкл, Кирк Даглас кој неодамна почина, имотот од 60 милиони долари не им го остави на синовите.