Семејство од Британија ја има титулата за „Најголемо британско семејство“ . Ова семејство брои 24 членови – родители, 21 дете, а со нетрпение се очекува и приновата. 44-годишната Сју Радфорд за месец и пол ќе го роди 22-то дете.
Гордата мајка на Инстаграм има над 212.000 фанови, а со нив неодамна сподели и фотографија како изгледа во 32-та недела од бременоста. 44-годишната мајка ќе роди девојче.
– Бременоста лета, не можа да поверувам дека за шест недели ќе заврши. Веќе не знам кое име да му го дадам на новиот член на нашето семејство – напиша Сју која позираше со трудничкиот стомак.
Стотини луѓе веднаш и дадоа свои предлози.
-Името мора да завршува на “и“ за да одговара со имињата на останататите девојчиња. Мене ми се допаѓа Дарси или Елзи – напиша една нејзина следбеничка.
-Изгледаш одлично, името ќе ти дојде кога најмалку ќе очекуваш – порача друга.
Инаку, со својот 48-годишен сопруг Ноел и 21 дете живеат во куќа со десет спални соби, а единствен извор на приход им е платата од Ноел кој работи како пекар. Покрај тоа добиваат и по 170 фунти неделно како детски додаток.
https://www.instagram.com/p/B81w6y8J6Qj/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
https://www.instagram.com/p/B6d6uz6JZVs/?utm_source=ig_web_button_share_sheet