Претседателот на СДСМ, Зоран Заев вчера ја посети фабриката за кондиторски производи ,,Винчини “ односно Макпрогрес од Виница. Од таму тој испрати порака до своите поддржувачи, но и до опозицијата, со фотографија на која држи еден од производите на фабриката, на која пишува „премиер“.
Оваа негова фотографија потоа беше споделувана од членови и симпатизери на СДСМ, кои воодушевено констатираа дека на 12 април Заев се враќа како премиер.
“Во наредниот период очекуваме отворање на преговорите со ЕУ, а со тоа и отворање на европските фондови, кои на овие компании ќе им бидат поддршка за развој и дополнителна мотивација да вложат во нови машини, во нови капацитети, да го шират своето производство“, напиша тој на својот Фејсбук профил.