Пијан Србин предизвикувал проблеми денес во авионот на австриската компнија AUA на аеродромот „Швехат“ во Виена и заради тоа летот за Белград бил одложен. Летот ОС 735 од Виена кон Белград тргнал во средата попладне од виенскиот аеродром со задоцнување од 50 минути.
Како причина се наведува пијан патник кој се спротивставил на слушање упатствата на екипажот.
Авионот се движел од паркингот до полетната писта, кога српскиот државјанин, наводно, дејствувал многу агресивно во авионот, па екипажот бил принуден да ја алармира полицијата, која го извадила патникот од авионот и го одвела до станицата.
“Очигледно пијан патник се спротивставил на упатствата на екипажот. Бидејќи тој не се смирил, екипажот повикал полиција. Другите патници и нашата екипа не беа повредени “, велат од компанијата.
Против него е поднесена пријава за давање отпор на полиција загрозување на јавен ред и мир.