Англичанката Франки Консиден била зависна од секс до таа мера што понекогаш спиела и со 4 мажи дневно. Вели дека не можела нормално да функционира без да знае дека сигурно ќе ја добие „следната доза секс“. Таквиот начин на живот негативно влијаел на работата и меѓучовечките односи, но и на психичкото и физичкото здравје.
28-годишната девојка боледувала од депресија, различни сексуално преносливи болести, а останала бремена без да знае кој е таткото на детето.
„The Sun“ пренесува дека Франки често отсуствувала од работа со оправдување дека е болна, а сето тоа поради секс. Вкупно спиела со повеќе од 130 мажи, а потоа дознала дека има дијагноза – зависност од секс. Додека не дознала дека нејзината состојба е медицински признаена, мислела дека имала потреба за секс поради траумите предизвикани од разводот на нејзините родители и ниската самодоверба – што се однесува до физичкиот изглед.
Вели дека сè почнало на 13 години, кога родителите се развеле. Тогаш седела на социјалните мрежи и барала луѓе со кои може да разговара. На 14 години ја загубила невиноста и влегла во првата долга врска, но вели дека не можела да биде верна.
Неколку години подоцна, кога мајка ѝ починала – тоа ескалирало. Се откажала од факултет и во наредните 3 години спиела со 80 мажи. Вели дека со сексуалните односи ја решавала тагата по загубената мајка. Во еден период од животот спиела и со 4 мажи дневно, но ниту тоа не ѝ било доволно.
„Еден викенд во 2012-та година отидов во Брајтон на роденден. Запознав едно момче, дојде во мојата хотелска соба и имавме секс. Следниот ден бев кај автомеханичар да ми го провери автомобилот. Спиев со него и со неговиот пријател, а подоцна истата вечер спиев со друг маж“, раскажала девојката. Не користела заштита, па боледувала од кламидија и ХПВ. Забременила на 22 години. Не знаела кој е таткото, па одлучила да абортира. Вели дека тоа било момент кога се скршила.
Истата година запознала маж на Тиндер со кој започнала врска во 2018-та година и со него имала ќерка. Врската брзо пукнала, но Франки после тоа одлучила да посети психолог. Тогаш ѝ дијагностицирале зависност од секс.
„Олеснувањето кое тогаш го почувствував беше неверојатно. Сфатив дека тоа не е моја вина. Сфатив дека има и други луѓе како мене и кои се плашат да зборуваат за тоа“, вели денес Франки и нагласува дека со својата приказна сака да им помогне на сите кои се наоѓаат во таква ситуација.