Владо Калембер 12 години беше во брак со три децении помладата виончелиска Ана Руцнер, и пред шест години кога се разведе, медиумите пишуваа дека прељубата е причина за тоа. Сепак, Ана се то го демантира и затоа Владо остана во добри односи со неа.
-Многи имаше заблуди дека сум голем заводник. Со кого да испиеш кафе значеше дека си во врски. На секоја моја врска се додаваа двојно. Ако беа 22 врски, ќе испаднеше дека се 222. Имаше дим, но тоа не беше пожар -изјавил Владо и додал:
– Јасно ми е дека ништо не е вечно, па така не беше вечен ниту мојот брак со Ана. Најдраг подарок од тој брак е нашето дете, синот за кој заеднички се грижиме. Кога љубовта ќе згасне, треба секој да си тргне по својот пат, без нервози, без одмазди, без озборувања пред новинарите и љубопитни луѓе. Треба сè да е тивко иако разводот, всушност, е прилично трауматична работа.