Голема полициска акција во скопски Крушопек за заплена на кокаин. Се работи за меѓународна акција во која бил запленет над еден тон од оваа дрога.
Според италјанските медиуми, во Италија за шверцот бил уапсен 42- годишен Албанец.
Италјанската полиција од вкупната пратка од 1,3 тони, со вредност од 120 милиони евра, еден килограм испратила за Македонија за да се види крајната дестинација.
Кокаинот од Колумбија преку Италија, Црна Гора и Албанија, па преку граничниот премин Ќафасан стигнал до Крушопек, општина Сарај.
МВР ја потврди акцијата, но деталите ги најави за утре.
„Ја информирам јавноста дека Министерството за внатрешни работи во овој момент презема широк спектар на оперативни мерки и активности. По насоки на јавен обвинител и по наредба на судија на претходна постапка се вршат претреси на подрачјето на село Крушопек во близина на Скопје поради недозволена трговија со дрога“, напиша министерот Чулев на социјалните мрежи.