Како што пренесуват британскиот таблоид „Сан“, Кристијано Роналдо на својата невенчана сопруга Георгина Родригез месечно и плаќа по 96.000 евра за да му ги чува децата.
Наводно, на тој начин Роналдо ѝ се „оддолжува“ на Георгина за поминување на времето дома и во чување на децата, со акцент на тоа дека освен нивната ќерка Алана Мартина, таа ги гледа и децата на Роналдо. Ваквата сума за португалската фудбалска ѕвезда не преставува никаков проблем, со оглед на тоа дека во Јувентус годишно заработува скоро 30 милиони евра.
Инаку, Георгина заработува на уште неколку начини, па така откриле дека за рекламна фотографија на Инстаграм добива 8.000 евра, а дека за интервју бара дури 100.000 евра.