Момчето од Сирија кое играше фудбал со протеза доби подарок од Салах (ФОТО)

by Тони Зографски

Осумгодишното момче од Сирија, Хамис ал Гасир и покрај големиот хендикеп сака да игра фудбал и ништо не го спречува во неговата желба.

Имено, Хамис останал без една нога при бомбардирање во Сирија, земја во која изминативе години беснее воен конфликт.  И покрај хендикепот, тој со протеза игра фудбал со другарите.

Неговата инспиративна приказна ја слушна ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах. Еѓипќанецот веднаш му испрати потпишана копачка.

останати вести