Претседателот на САД, Доналд Трамп ја намали затворската казна на Род Благојевиќ, поранешен гувернер-демократ на сојузната држава Илиноис. Благојевиќ беше осуден на 14 години затвор поради, како што укажаа обвинителите, обид да го „продаде“ сенаторското место од Илиниос, ослободено по изборот на Барак Обама за претседател на САД во 2008 година.
63-годишниот Благојевиќ видно остарен, сега има пробелена коса, а не препознатливата обоена темна коса, која ја имаше додека беше гувернер. Во затвор фарбите за коса се забранети, па Благојевиќ го променил стилот.
Благојевиќ изјави дека е длабоко и вечно благодарен на Трамп поради одлуката да го помилува.
„Трамп не мораше тоа да го направи. Тој е републикански претседател, а јас бев демократски гувернер“ рече Благојевиќ.
Тој нагласил дека „доста научил за кривичниот правен систем и како тој може да биде неправеден, додавајќи дека се „доближил до Бога“ и дека во целата оваа работа имало „божја интервенција“.
За идните планови, Благојевиќ рекол дека планира она што е лошо да го направи добро.
„Ќе се борам против коруптивниот правен систем, кој често прогонува и процесуира луѓе кои ништо лошо не направиле, кој изрекува повисоки казни, не покажува милост“ порачал Благојевиќ.
Инаку, Благојевиќ, додека беше под истрага за злоупотреба, во 2010 година учествуваше во „Кандидат“, реалното шоу на Трамп, а од фунцијата беше отстранет претходната година.