47-годишната жена била осудена на две години затвор во отсуство од судот во Сицилија. За неа била распишана потерница, но таа избегала од островот, успешно криејќи се во северна Италија. Таму нашла засолниште во манастирот во Пиемонт, каде се преправала дека е монахиња која бара засолниште.
Инспекторите кои ги испрашувале измамените калуѓерки, изјавиле дека таа се преправала дека е „калуѓерка која бара помош затоа што е сериозно болна“.
Италијанската полиција соопшти дека се преместувала од манастир во манастир и дека постојано го менувала својот идентитет. Во еден манастир, каде што престојувала неколку дена, се претставила како внука на монахиња од нивните редови. Некои други калуѓерки рекле дека таа само дошла во нивниот манастир и не откривала детали за себе. Во друг манастир рекле дека се преправала дека е главната калуѓерка од друг манастир.
Но, минатата недела, нејзиното бегство дојде до крај, откако една калуѓерка во манастирот во Галарат се посомневала во неа и повикала полиција. Калуѓерката изјавила дека и било сомнително што измамничката неколку пати менувал верзии за својата приказна.
Кога полицијата пристигнала во манастирот и ја зела жената на сослушување, сфатиле дека станува збор за избеганата од Сицилија.