Лекарите во Вухан кои се во првата борбена линија на фронтот против епидемијата коронавирус, соочени се со големи проблеми – мораат да лекуваат се поголем број на пациенти, а под голем ризик е дека и самите ќе се заразат поради големиот недостиг на заштитни маски и останата заштитна опрема.
Уморни и ослабени, медицинските работници секоја недела добиваат илјада нови пациенти.
Многу лекари мораат да прегледуваат без заштита, а дел во иста заштитна опрема која ја носат неколку пари, иако препорачливо е да се менува редовно.
Некои лекари дури работат во пелени за да не одат во тоалет, за да избегнат пресоблекување и така подолго да ја користат истата заштитна опрема, јавува АФП. Еден лекар во болница во Вухан изјавил дека најмалку 16 негови колеги добиле симптоми на коронавирус.
-Како лекари не сакаме да работиме заразени, но нема кој да не менува“, изјавил еден лекар.
Лекарите носат заштитни одела и по девет часа, иако по пропис се налага дека не смее да се носат повеќе од 4 часа за време на карантин.
Раскажале и дека некои заштитни одела ги носеле по пет дена секој ден, со што после секое користење ги десинфицирале и ги користеле следниот ден.