Хрватска старлета Ава Карабатиќ на својот Инстаграм профил сподели фотографии со вознемирувачка содржина.
Имено на фотографиите се гледаат нејзините големи модринки по целото лице и очите, а под нив напиша и детали за настанот.
-Крвав ден на заљубените – напиша Карабатиќ како коментар.
Бројните фанови веднаш се загрижија за старлетата и ја прашаа што точно се случило, дел од нив напишаа и дека таа брутално била претепана.
Сепак, Ава демантираше дека била претепана.
-Сакам да демантирам дека сум била претепана. Ова ми се случи поради нестручниот тим на доктори за подочњаци. Хематомот ќе го снема за неколку дена“, изјавила Ава Карабатиќ.