Уредникот на британскиот Вог, Едвард Енинфул објави дека септемвриското издание, во кое Меган Маркл била гостин-уредник, е најбрзо продаден број во историјата на магазинот. Со цел тоа да го прослави, војвотката на Инстаграм споделила видео во која таа и Едвард разговараат за ова значајно издание.
На снимката, доста расположена и насмеана, војвотката во еден момент му подарува шешир со светки за да прослават. Едвард Енинфун инсистира на тоа дека Меган е родена уредничка, пишува Hello.
„ Досега не сум видел ништо слично. Беше вклучена во целиот процес, од почеток до крај“, истакнал Едвард.
Тој додал дека бил многу возбуден кога влегол во Кенсингтонската палата за да се средне со Меган.
Војвотката истакнала дека модниот елемент на магазинот го препуштила на професионалците.
„Единствено ги прашав: ‘Дали се запознаени со кралскиот моден стил и код на облекување’ и ‘Можете ли во овој број да претставите облека која е направена од издржливи материјали?’ Дури тогаш без проблем ја препуштив работата на експертите“, прокоментирала Меган.
„Сакаше фокусот да биде на жените кои го менуваат светот, жените кои прават неверојатни работи, што всушност е и сржта на британскиот Вог“, додал Едвард.