Откако минатата години на мистериозен начин починаа еден млад глумец и двајца познати пејачи, нова трагедија ја потресе јавноста. Денеска медиумите објавија дека Го Су Џунг, млада глумица позната по соработката со бендот БТС е пронајдена мртва.
Нејзината агенција како причина за смртта наведува болест, а семејството соопшти дека најпрво ја погребале далеку од очите на јавноста, па дури потоа ги известиле медиумите дека починала.
Го Су Џунг глумеше во хит сериите „Goblin“ i „Solomun’s perjury“, а се појави и со бендот БТС во рекламата „Посетете го Сеул“.
Да потсетиме, во октомври починаа јужнокорејските музички звезди Сали и Гу Хара, а во декември глумецот Ча Ин Ха беше пронајден мртва во неговиот стан.