Глумецот Хоакин Феникс во неделата освои Оскар за главна машка улога за филмот “Џокер”, но за фотографијата која била направена по неговата победа и официјалната церемонија зборува целиот свет.
Имено, Феникс и неговата вереничка, актерката Руни Мара, биле фотографирани како седат на скали и јадат вегански бургери. Убавата актерка ги заменила високите потпетици со старки, а помеѓу гладните уметници стоела и освоената статуетка.
Претходно, по доделувањето на Оскарите, на Хоакин му бил понуден бургер од говедско месо, по што тој му покажал картичка на келнерот на која пишувало: “Бидете вегани, тоа не е привремена мода, тоа е иднина”, пренесуваат порталите кои го заговараат овој стил на живот.