Џенифер Анистон го одбележа 51-виот роденден со заводлива фотосесија за списанието „Interview Magazine”
„Им благодарам на „Interview Magazine”за ова роденденско интервју. Немав поим дека денес ќе го објават. Се чувствувам гордо и почестено што можам да го прославам со фотографии на насловна страна. Им благодарам на „Interview Magazine” што ги слават жените во секоја доба од нивниот живот. Очигледно дека бројот 51 е навистина забавен. Ѝ благодарам на мојата сестра, Сандра Булок што разговараше со мене за што и да ми требало. Многу те сакам“ – напиша Џенифер на Инстаграм.
Инаку, Сандра Булок ја интервјуираше Анистон за списанието и во еден дел таа изјави дека гледа деца во нејзиниот живот во иднина.
На прашањето што е тоа што сака да го направи во животот, а досега не го направила, таа изјави:
„Не се работи за тоа колку нешта сакам да направам, туку за една мала слика во мојот ум, каде го слушам океанот, го гледам океанот, слушам смеа, гледам деца како трчаат, слушам мраз во чаша, мирисам храна која се готви. Тоа е најрадосната слика во мојата глава“.