“УМОТ МИ Е БАРЕМ 30 ГОДИНИ ПОМЛАД ОД ВОЗРАСТА“: Јосипа Лисац ќе го прослави 70-тиот роденден (ФОТО)

by Тони Зографски

Хрватска пејачка Јосипа Лисац со концерт во Белград, во петок ќе го прослави својот 70. роденден.

– Јас работам на мојот роденден, но убаво е што токму на тој ден имам концерт. Убаво е кога имате толку луѓе околу себе, но во тие часови не размислуват на роденденот, туку на квалитетот на концертот, убавината на музиката, а имате и голема одговорност – изјавила познатата пејачка за српските медиуми

Ја прашале за што никогаш нема доволно слободно време, а таа ќе каже:

– Сакам да седнам, да размислувам и мислите да ми поминуваат низ глава. Тоа доста ми одзема време. Не е дека немам време, но можеби имам поинаков ритам отколку останатите луѓе. Околу мене луѓето се обично во хаос и нон-стоп брзаат некаде. Јас не сум хаотична личност и не го трпам тој ужасен ритам на живот и еуфорија. Сакам нормален ритам и мене ми треба многу повеќе време околу некои подготовки, за разлика од останатите. Секој има свој ритам, па и јас. Умот ми е барем 30 години помлад од 70 години, колку што полнам и сега.

Пејачката откри што ја исполнува и како го одржува внатрешниот мир.

-Секојдневно наутро по еден час вежбам јога. Не сакам теретани, бидејќи ме заморува да вежбам со справи. Најважно ми е да имам убави нозе, правилно држање на телото, а знам какви вежби ми се неопходни за тоа – рекла хрватската пејачка легенда Јосипа Лисац.

фото: Д. Дервишагиќ

 

останати вести