Кралицата на светската поп-сцена Мадона (61) доби понуда да направи спектакл на свадбата на кинескиот милијардер во Шангај за неверојатна сума.
Милијардерот е толку загреан за пејачката што е подготвен да издвои 3 милиони долари, јавува ТМЗ.
Се очекува таа да се појави на свадбата во вечерните часови и да одржи шоу од еден и пол час.
Едно од барањата на милијардерот е младенците да имаат целосна слобода да го состават репертоарот на хитови што би ги извела Мадона.
Менаџерите на Мадона ја оставија понудата отворена сè додека пејачката не одлучи сама дали ќе ја прифати.