Принцот Хари и војвотката од Сасекс, Меган Маркл биле поканети да доделат еден од Оскарите оваа година. Сепак, тие одбиле пренесуваат медиумите.
Тие биле поканети да го прогласат добитникот на наградата за најдобар филм.
По разделбата со кралското семејство, ова ќе беше еден од најголемите настани за принцот Хари и Меган Маркл. „Тие имаат намера да направат многу добротворни работи“, откри сопругот на Елтон Џон, Дејвид Фурниш.
Инаку, интересно е што Меган и Хари пред неколку дена, во Мајами, во елитниот ресторан Habitat сместен во хотел во Саут Бич, вечерале со Џенифер Лопез и нејзиниот свршеник Алекс Родригез.
„Хари и Меган добро се дружеа со Џенифер и Алекс. Оние кои седеле близу нив слушнале како Џеј Ло ги повикува Меган, Хари и нивниот син Арчи во нивната куќа во Мајами, да се дружат со нивните деца“ рекол извор.