Вдовицата на трагично загинатиот Коби Брајант, Ванеса на социјалните мрежи објави видео со својата ќерка Коко која проодува, а описот на снимката ги разнежни фановите:
„Мојата Коко, изгледа баш како Џиџи со очите на својот татко“, напиша Ванеса.
Фановите искоментираа дека Коко која е најмала ќерка на Коби и Ванеса и има само седум месеци, многу личи на сестра ѝ Џиана и на татко ѝ.
Инаку, Коби Брајант, неговата 13-годишна ќерка Џиана и уште седум патници загинаа во Калифорнија на 26 јануари кога хеликоптерот се сруши поради лоши временски услови.
https://www.instagram.com/p/B8UK5TmjmDp/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
https://www.instagram.com/p/B77K8XWDY7O/?utm_source=ig_web_button_share_sheet