Шансите на “Медена земја“ да добие Оскар за најдобар документатен филм од час на час се зголемуваат. Така, ако пред две недели во обложувалниците за уплата на 100 денари дека “Медена земја“ ќе освои Оскар за најдобар документарен филм се добиваше 1.300 денари, сега коефицитот е многу паднат, односно, се добива само 385 денари. Тоа значи дека “Медена земја“ е еден од главните фаворити за добивање на Оскар за најдобар документарен филм.
За најдобар странски филм пак коефициентот за “Медена земја“ падна од 20 на 13, но во оваа категорија голем пад бележи и филмот “Паразит“ и со коефициент 1.02 е речиси извесен освојувач на оскарот во оваа категорија.
Инаку, доделувањето на Оскарите утре ќе почне во 2 часот по полноќ во Кодак театарот во Лос Анџелес, а во екипата на „Медена земја“ што ќе прошета по црвениот килим е и главната протагонистка Атиџе Муратова.