Според врвниот филмски критичар на „Гардијан“ Питер Бредшоу ,Оскар за најдобар документарен филм ќе добие „Медена земја“
Тој ги предвиде и останатите добитници на Оскар кој ќе се доделат утре, (недела, после полноќ) во Холивуд, во театарот Долби.
Според Бредшоу, за најдобар филм Оскар ќе добие филмот на Сем Мендес „1917“, а за најдобар режисер, режисерот на „Паразит“ Бонг Џoн-Хо. За најдобар актер Оскарот ќе го добие Жоакин Феникс од филмот „Џокер“ , а за најдобра актерка со Оскар ќе биде Рене Зелвегер за „Џуд“.
И оваа година на церемонијата на доделувањето на Оскарите нема да има водител.
Прогнозите на Бредшоу можат да се видат тука.