Холивудскиот глумец Леонардо Дикаприо сподели на Инстаграм извештај за влијанието на климатските промени на човековото здравје, илустриран со фотографија од Скопје – објави порталот СДК.
Фотографијата со мајка и дете како се разладуваат среде фонтаната на скопскиот плоштад е дело на македонскиот фотограф Роберт Атанасовски за АФП/Гети.
Според извештајот што го сподели Дикаприо, температурите во пораст предизвикуваат екстремни временски настани кои можат да влијаат за пораст на срцеви болести и смртни случаи, како и зголемена закана од нови заразни болести.
https://www.instagram.com/p/B8OzqH2luPO/?utm_source=ig_web_button_share_sheet