Ванеса Брајант е скршена од болка поради смртта на нејзиниот сопруг Коби и ќерката Џиана. Ванеса објави фотографии и видео од „пензионирањето“ на дресот со бројот 2 на Џиана од училиштето „Харбор Деј“.
„Моја Џиана. Боже колку многу ми недостигаш. Бев голема среќничка што 13 години се будев за да го видам твоето прекрасно лице и неверојатната насмевка. Посакувам да беше така до мојот последен здив. Мама те сака до месечината и назад“ – напиша таа.
Моја Џиџи. Те сакам! Ми недостигаш. Нè научи сите нас дека ниту едно добро дело не е премало. Мама сè уште се гордее и секогаш ќе се гордее со тебе мамино“ –напиша на друга објава Ванеса.