Кирк Даглас кој вчера почина на 103 години бил добар пријател со Тито. Тој порано во своите мемоари ги опиша дружбите со доживотниот претседател на Југославија, како многу срдечни, а маршалот како голем љубител на филмот кој своевремено испратил приватен авион за Кирк и жена му.
– Ги гледал сите мои филмови. а омилен му бил “Средбата кај ОК Коралот“. Ми рече дека сака да ги гледа моите филмови бидејќи преку нив “бегал“ од проблемите што ги имал. Ручавме во неговата вила, пиевме вино и разговаравме за филмовите – се присетуваше Кирк Даглас кој откри дека му бил љубоморен британскиот амбасадор кој чекал шест недели Тито да го прими, а него го примил веднаш.
-Господине амбасодоре кои филмови ги имате снимано?, го прашал Кирк британскиот амбасадор.
Келнерор Миралем Турчало. кој работел во хотелот Европа, за време на Олимпијадата во Сараево 1984 години откри дека една ноќ глумецот прокоцкал 100.000 долари.
-Беше за време на Олимпијадата. Сакаша да се коцка. Една ноќ прокоцка 100.000 долари и излезе од касиното насмеан и расположен. Дојде на вечера, ги построи келнерите како војници и им подели по 100 долари – откри Миралем.
Секако, во сеќавање и приказната за несреќниот сараевски кебапчија кој сакал да му украде со астрономска сметка за ручекот на Кирк, па останал без бакшиш кој ќе го паметел цел живот.