Српскиот глумец Воин Цветковиќ синоќа паднал во несвест, на премиерата на својот нов филм “ Гради“ која се одржа во Комбанк арената во Белград. Итната помош веднаш пристигнала, а прво бил одведен во инфективната клиника, па во ВМА. Наводно последниве денови актерот имал висока температура.
Како што дознава телеграф.рс Воин Цветковиќ денеска е пуштен на домашно лекување.
Инаку, како што пишуваат српските медиуми, пред премиерата, Воин поминал со Мира Бањац низ црвениот тепих. Дека нешто не е во ред, се насетило кога по завршување на филмот водителката еден по еден ги повикувала актерите да се појават на сцената, а кога го повикала Воин, него го немало. Можно е дека глумец уште тогаш бил паднат во несевест.