При официјалната посета на претседателот на државата Стево Пендаровски на Полска, на заедничката прес-конференција со полскиот претседател Анджеј Дуда, зад претседателите беа истакнати државните знамиња на двете земји, но македонското знаме беше модифицирано, пишува „Плусинфо“.
Од кабинетот на Пендаровски за Плусинфо велат дека македонската делегација веднаш реагирала кај полската делегација и дека домаќините им се извиниле за ненамерниот пропуст.
‘Во врска со поставените знамиња, македонската делегација реагираше кај полската страна, при што домаќините изразија длабоко извинување и рекоа дека се работи за ненамерен пропуст на нивниот протокол. Би сакале да додадеме дека нашата делегација е задоволна од официјалната посета на Полска, која политички и организациски помина во најдобар ред – одговорија од Кабинетот на Пендаровски на прашањето на Плусинфо дали македонската делегација реагирала кај полскиот протокол за изгледот на државното знаме.
Целиот текст тука