Телохранителот на поранешниот британски премиер Дејвид Камерон направил вистински хаос на летот Лондон – Њујорк откако сѝ го заборавил пиштолот во тоалетот.
Наполниот пиштол бил оставен во тоалетот на авионот, и вистинска среќа е што оружјето го нашол “нормален“ патник кој го предал на екипажот.
Инаку, претходно капетанот на авионот бил информиран дека наоружани телохранители ќе патуваат со Камерон, па пилотот не се одлучул за итно слетување, туку го продлжил летот за Њујорк како ништо да не се случило.
„Ја сфаќаме оваа работа многу сериозно и поведена е внатрешна истрага“, се нагласува во полициското соопштение.
Телохранителот е суспендиран, а кабинетот на Камерон не сакал да го коментира случајот.
Инаку,Камерон, како поранешен премиер, има право на обезбедување од редовите на специјалната полициска единица.