На Инстаграм се појави фотографија на која македонската ракометна легенда,Кире Лазаров во вестерн издание, со пиштол в рака со уште еден друг каубој покрај себе се подготвуваат да пукаат.
Имено, на фотографијата се Кире и долгогодишниот капитенот на Барселона, Виктор Томас кој на крајот од сезоната ќе мора присилно да се прости од ракометот.
– Беше чест да се дели соблекувалната со толку борбен и квалитетен играч, но пред се, со толку добра личност. Вистинска штета е што го оставаш ракометот, но треба да бидеш презадоволен и горд на тоа што го оствари. Ти посакувам многу среќа од срце во преостанатиот дел од животот. Остануваме пријатели засекогаш, – порача Кире. покрај фотографијата на која се со Виктор Томас во вестер издание.
Инаку, откако лекарите му констатирале сериозна срцева слабост, Томас на прес конференција го најави своето збогување како активен спортист, а неговиот верен пријател Кире Лазаров веднаш реагираше со неколку фотографии.