92-годишната баба Рун вут Винкл моментално е најголема интернет сензација. Таа има своја козметичка колекција, дури 3 милиони луѓе го следат нејзиниот живот преку Инстаграм, а Ријана и Мајли Сајрус се нејзини фанови.
Пред да стане славна оваа баба живеела нормален живот во градчето Кентаки. Имала мала фарма, се грижела за правнуците, ја одржувала градината и секоја недела одела во црква. Еден ден нејзината правнука ја фотографирала во кратки панталони и маица и ѝ помогнала да отвори Инстаграм профил.
„Отсекогаш бев бунтовник, па така дојдов до корисничкото име Беди Винкл“, рекла таа.
Нејзината прва објава набрзо станала вирална, а бројот на следачи се зголемувал од ден на ден. Социјалните мрежи ги освоила со своите весели и шарени модни комбинации и со ставот дека за ништо не ѝ е грижа.
Иако нејзиниот стил може не му се допаѓа секому, тешко е да се негира фактот дека нејзината самодоверба е инспиративна.
https://www.instagram.com/p/Bq-slQdHfM_/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
https://www.instagram.com/p/Bhmh6oig1nO/?utm_source=ig_web_button_share_sheet