Српскиот пејач Саша Ковачевиќ бил приведен од страна на аеродромската полиција на аеродромот во Њујорк. Тој со својата екипа тргнал кон Доминиканската Република за да сними неколку видеоспотови за новите песни.
“Полицијата го приведе, го тргнаа од листата на патници на неговиот редовен лет и го однесоа во специјална просторија каде го чуваа неколку часа, непосредно пред да полетаме за Доминиканска Република, поа нашиот лет пропадна“ – изјавил извор за српски „Свет“, а веста ја пренесоа сите српски и регионални медиуми.
На крај, се покажало дека бил приведен поради грешка, но и поради заострените мерки на аеродромите низ САД. Но, ова го чинело Ковачевиќ доста, бидејќи го пропуштил редовниот и морал да купи нови карти за следниот лет.
“Одвои повеќе од 30 илјади евра за ова патување на кое планира да работи и да снима и воопшто не му се фрлаа пари на вакви глупости“, додал изворот за српскиот магазин.
Фото: Д. Дервишагиќ