Средновечен маж меѓу четириесет и педесет години веќе трет ден се шета низ Трговскиот центар „Бисер“ во населбата Аеродром и се соблака гол во бутиците, дознава 24 инфо.
Според вработените во продавниците, човекот влегува во бутикот како муштерија најчето онаму каде има жени вработени. Но бира продавници каде се продава гардероба и за двата пола. Зема дел од понуденото на штандовите, влегува во гардероба да проба, но намето тоа се соблекува гол и излегува надвор пред продавачките и муштериите. Додека да сватат што се случува, го зема мантилот и неговата гардероба и бега низ ходниците. До сега се појавил гол во два бутика, на приземјето и еден на спратот. За манијакот сопствениците на продавниците го известиле и Управниот одбор на ТЦ „Бисер“, но и обезбедувањето.
Наводно, човекот го има снимено и безбедоносната камера на трговскит центар и се трага по него последниве два дена. Вработените низ Бисер се во паника. Веќе сликата од манијакот кружи меѓу нив и се надеваат дека за кратко истиот ќе биде фатен.